clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Истанбул 2 Ноќевања

Период: 30/12/2024 - 03/01/2025
175€
129€
Одбери сместување
Истанбул
Истанбул - најголемиот град во Турција, се наоѓа долж течението на Босфорскиот теснец кој ја поврзува обалата на Мраморното со Црното Море. Овој огромен град, единствен на светот изграден на два континента (Европа и Азија), има површина од речиси 6.000 км2 и брои над 15 милиони жители според официјални мерења, односно 20 милиони неофицијално.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден 30.12.2024/Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 15:00 часот Спортска сала Борис Трајковски тргнување во 15:30 часот за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Се патува преку Грција.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден 31.12.2024 Истанбул
Пристигнувањето во Истанбул во раните утрински часови. Следи сместување во хотелот(доколку се спремни собите), по сместувањето ве носиме до Капали Чаршија, слободно време за прошетка, по прошетката индивидуално враќање кон хотелот. Потоа Ве водиме на едно од најубавите доживувања, да го видите градот од една поинаква преспектива. Крстарење по Босфорот. Овој теснец го дели градот на Европски и Азиски дел. По брегот на Босфор ќе видите едни од најслуксузните вили каде што живеат најбогатите и највлијателните луѓе на овој град. По крстарењето се упатуваме кон БЕЈЛЕРБЕИ, ова е историска знаменитост која е една од напосетуваните во овој град, Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел. Вечерта Дочек на Новата 2025 година. Ноќевање.
Пристигнувањето во Истанбул, сместување во хотел, посета на Капали Чаршија, Крстарење по Босфорот, посета на БЕЈЛЕРБЕИ, Дочек на Новата 2025 година.
3. Ден 01.01.2025 Истанбул
По појадокот веднаш започнуваме да го дозапознаеме овој магичен град. Започнуваме со Балат, ова е една од најстарите области во Истанбул. Оваа област е препознатлива по многубројните дрвени куќички кои фасадите им се бојадисани во најразлични бои, исто така оваа област е преполнета со многубројни кафулиња. Токму овде се наоѓа едно од најфотографираните места во Истанбул, куќи обоени во пастелни бои, тоа е улицата улицата Киремит. Оваа област е една од најрелаксираните места во овој огромен град, исто така е дел каде што живее христијанско насаление, така да ќе сретнеме цркви, и една од најинтересните цркви за нас, тоа е железната црква, која е донација и иградена од македонски мајстори. Исто така тука се наоѓа и Вселенската Патриаршија. Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. Потоа се упатуваме кон Чамлиџа Џамија, џамијата на преседателот на Турција, Ердоган, која е една од најубавите и најголемите а и пошироко, од тука имате преубав поглед на градот. Потоа се упатуваме кон главниот плоштад на овој град ТАКСИМ. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња. , враќање во хотел, ноќевање.
Посета на областа Балат, едно од најинтересните места за нашите патници, Чамлиџа Џамија и најпознатиот плоштад Таксим.
4. Ден 02.01.2025 Истанбул - Скопје
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи KOСКА“, тука можете да ги пробате најдобрите традиционални слатки-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во некои од многубројните аутлети во Истанбул. Во аутлет мол имаме околу 2-3 часа, доволно време да се направи еден шопинг, По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
Одјавување од хотелот, посета на најпознатата продавница за традиционални слатки КОСКА, и шопинг во аутлет, тргнување кон Скопје.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување (260 денари)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Крстарење по Босфор, Бејлербеи 31.12.2024 –
Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин. Бејлербеи, оваа историста знаменитост е често посетувана од многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близи на Босфорскиот мост во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживеете Турската култура во непосредна близина прекумногу бројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани.
Цена: 60
activity
Посета на Балат, Таксим плоштадот и Чамлиџа Џамијата -01.01.2025-
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Таксим плоштад, турата завршува со посета на плоштадот Таксим, главниот центар на градот на кои се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај Таксим поминува познатата улица Истикал, на која се движи познатиот транвај, на оваа улица се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња а за љубителите на шопингот ова е право место. Чамлиџа Џамијата која е најголема Џамија во Турција, пуштена во упореба е во 2019 година. Се наоѓа во округот на Ускудар односно во Азискиот дел.Во себе вклучува библиотека, ликовна галерија сала за собири и подземно паркиралиште.
Цена: 25

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

✅Автобуски превоз

✅Лиценциран придружник

✅Лиценциран туристички водич

✅Посета на Капали Чаршија

✅Tуристичка такса

✅Посета на турската продавница „Коска“

✅Шопинг во аутлет

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Патничко осигурување (260 денари)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo