clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Краков

Период: 29/12/2024 - 03/01/2025
289€
225€
Одбери сместување
Краков
Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно - историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO - светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.
Што добивате?
periodПериод
3 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден / 29.12.2024 Скопје – Краков
Состанок на групата во 11.30часот на С.Ц. Борис Трајковски. Поаѓање за Полска во 12.00часот. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден / 30.12.2024 – Краков
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. . Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Пристигнување во Краков, сместување и запознавање на градот
3.Ден 31.12.2024. / Рудник на солта
Појадок. Можност за факултативна посета на 700 години стариот рудник на солта Велицка. Се спушта со лифт во длабочина од 100м и се разгледува преубавото подземно езеро, кралската капела на правена од сол и концертната сала. Враќање во хотел, потоа следи организиран дочек на Новата 2025 година. Ноќевање
Посета на Рудникот на солта, дочек на Новата 2025 година
4. Ден 01.01.2025 Еврејски кварт
Појадок. По појадокот факултативен излет на Еврејскиот кварт, во придружба со локален водич, а по
завршувањето на овој излет продолжуваме на факултативна посета на градот Катовице. Слободно
време за индивидуални активности, враќање во хотел.
Еврејски кварт
5. Ден 02.01.2025 Аушвиц - враќање кон Македонија
Појадок, по појадокот се одјавуваме од хотелот, потоа следува факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Слободно време, следи враќање кон Македонија.
Посета на логорот Аушвиц, враќање кон Македонија.
Напомена

Во цената се вклучени следниве услуги:

Превоз со високо туристички автобус

✅3 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Организиран разглед на Краков со локален стручен водич

✅Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

– Факултативна посета на Аушвиц

– Факултативна посета на Величка

– Влезници за посета на музеи и галерии

– Патничко и здравствено осигурување

Важна напомена:

– Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)

– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето

– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

– За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Аушвиц
Аушвиц,наречен и Аушвиц-Биркенау e најголемиот концентрационен логоr на нацистичка Германија. Сместен во близина на индустрискиот град Oświęcim во јужна Полска,Аушвиц всушност бил три логори во еден: затвор, логор за истребување и роб. - работен логор. Како најсмртоносниот од нацистичките логори за истребување, Аушвиц стана симболично виртуелен синоним за холокаустот. Помеѓу 1,1 и 1,5 милиони луѓе загинале во Аушвиц; 90 отсто од нив биле Евреи. Меѓу загинатите имало и околу 19.000 Роми кои биле држени во логорот и убиени со гас на 31 јули 1944 година - единствената друга група жртви со гас во семејните единици заедно со Евреите. Полјаците ја сочинуваат втората по големина група жртви во Аушвиц, каде што биле убиени или умрени околу 83.000. Денес оваа масовна гробница на души служи како потсетник дека одредени делови од историјата не треба никогаш повеќе да се повторат.
Цена: 45
activity
Рудник на сол
Едно од најнезаборавните места кои треба да се посетат во Краков е дефинитивно рудникот на сол Вјеличка кој е најстар рудник за сол во Европа и се наоѓа на 20 километри од Краков, а од 1978 година е прогласен за дел од светско културно наследство и под заштита на UNESCO. Еве неколку интересни информации за рудникот пред да се спуштиме надолу : - Излетот на рудникот опфаќа разледување на ходник долг 3 километри. На длабочина од 64 метри се стигнува после спуштање по 378 стрмни скали, а до 135 метри се стигнува со лифт. - Во рудникот има спектакуларно подземно езеро, - многубројни скулптури, - лустери, - пошта, - кралска капела, - концертна сала Во склоп на рудникот дури постои и клиника за лечење од асма затоа што солта од рудникот има лековити својства.
Цена: 40
activity
Еврејскиот кварт
Сместен во Стариот град на Краков, Казимиерз бил независен град од четиринаесеттиот до деветнаесеттиот век.За време на Втората светска војна, сите Евреи кои живееле во Казимиерц и остатокот од Краков биле принудени во гето формирано во Подгорзе, од кои повеќето умреле во логорите на смртта или во гетото.По Втората светска војна, Казимиерз беше практично напуштен и дури кога беше снимен овде„Шиндлеровата листа“, Краковјаните почнаа да се враќаат назад во областа. Во моментов е едно од најпосакуваните места за живеење во поранешниот главен град на Полска, со безброј ресторани, барови и ноќни клубови. Посебно е популарен кај помладите генерации.
Цена: 15

Напомена:

Во цената се вклучени следниве услуги:

Превоз со високо туристички автобус

✅3 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Организиран разглед на Краков со локален стручен водич

✅Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

– Факултативна посета на Аушвиц

– Факултативна посета на Величка

– Влезници за посета на музеи и галерии

– Патничко и здравствено осигурување

Важна напомена:

– Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)

– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето

– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

– За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo