🫰 РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ на сите соби до 31.05.! 🫰
Book Now
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Каде да ја прославите новогодишната ноќ во Србија – совети и сугестии

blog-photo

Нова година е меѓу празниците кои луѓето најмногу ја очекуваат. Луѓето тогаш се генерално расположени подготвени за славење. Ја прославуваме годината зад нив , дали заради тоа што сме ја преживеале или иживеале, а се радуваме со неа и се надеваме дека ќе биде подобро.

Било како било, новогодишното расположение предизвикува  позитивнио чувство кога повеќето луѓе и ја посакуваме таа енергија да ја поделат со останатите. За дочек на новата година 2022 Београд е одлична локација и постојат неколку понуди, сепак постојат и други агли во Србија кои кријат новогодишен знак. Новата Година е причина за славење, а еве каде можете да ја поминете Новата Година во Србија.

Дискотеки/ Клубови / Кафани

За младата популација, дочекот за Новата година во некои од популарните  дискотеките е избор на вкус. Доста млади луѓе на едно место, модерна музика – најчесто настапуваат популарните естрадни уметници и веселата атмосфера се главна причина  зошто младите се одлучуваат Новата година да ја дочекаат во клубовите.

Секако, секогаш ќе има лоши примери кога власниците на клубовите сакаат да ги земат парите и да распродадат што е можно повеќе билети за дочекот. Тогаш се случуваат непријатни ситуации да чекате во редот за влез во клубот, а во самиот клуб да има премногу луѓе.

Исто така, бидете внимателни кога ќе видите примамливи понуди кога вклучуваат неограничено конзумирање на алкохол во текот на вечерта. Тоа во превод значи дека пијачката е бесплатна додека ја има, а можете да помислите колку брзо се пие.

Заради тоа, цените постојано варираат. Во некои од клубовите се плаќа само влез, други пак нудат нереално ефтини цени, а во фенски клубовите цените за дочекот се повеќе и од 100€. Би рекле за наши услови многу,а сепак сите клубови се полни.

Ресторани

За оние кои сакаат вечерта да ја поминат во свечена атмосфера, тоа се рестораните. Новата година ја обележуваат значително поинаква манири од клубовите. Иако, рестораните се соодветни за сите возрасти, дочекот со ваква атмосфера воглавно се одлучуваат постарите.

Дочекот во ресторан е одлична прилика да се соберете со старата екипа кои ги гледате поретко,заради своите обврски. Кога се сите слободни за празниците, можете во опуштена атмосфера да ушивате во добар муабет ,добро вино и храна.

Уште кога ќе засвираат тамбурашите, веселбата дефинитивно ќе го постигне врвот. Цената во рестораните се разликува , па секако секој може да си најде нешто за својот џеб.

 

 

 

 

 

 

 

Дочек на плоштадите

Секоја година на различни места ширум Србија се организира дочек на плоштадите.

На плоштадите настапуваат популарни изведувачи кои ги привлекуваат доста посетители. Грееното вино и ракија имаат улога да ги загреат присутните,а традиционалните огномети е тука да ја потполни вечерта. Можеби црвениот плоштад Москва или Стариот град не се исти како плоштадот република во Белград или плоштадот слобода во Нови Сад. Излезете на улица, малце премрзнете по добриот забава ,ушушкајте се во топлината на својот дом кој не мора да биде на крај на светот како некои новогодишни патувања.

Заминување во природа

Излетите во Србија се исто така популарни избор за дочек на Нова Година кај многу луѓе. Сепак оние најпопуларни како Златибор готово не се разликува од градскиот дочек, бидејќи можете да сретнете клубови, ресторани, па и јавен настап.

Секако има луѓе кои заминуваат  на популарните излетишта и во бања како би побегнале од градската врева и уживаат во снежниот пејсаж и свеж воздух.

 

 

 

 

 

 

Топлината на Домот

Најкомфорното место за дочек на Нова година е секако сопствениот дом. Без разлика дали дочекот го поминувате со фамилијата или пријателите, сепак атмосферата која ја чувствувате во својот дом е различна.

Кога стрелките на часовникот се поклопуваат,а од ТВ одекнува одбројувањето, отрчуваме до нашите прозорци и го гледаме огнометот од сите страни.

За оние помладите,тука се домашните журки кога целото друштво од крајот ке се собере и ќе искористат празна гајба додека родителите им се на патување (само да не дознаат). На некои им се најдобрите спомени баш од овој вид на дочек, а дешавките се прераскажуваат со години.

Ако пак не успеат да се справат со “старците” или пак не посакуваат ризик да организираат журка во својот дом, младите често одлучуваат да изнајмат куќа негде на периферија како мирно би живееле во најлудата ноќ.

Секако има и луѓе на кои Нова година им е само уште еден ден во годината. Возачите на грацките превози,таксистите, медицинските работници и сите останати кои 31.12 го поминуваат како и било кој работен ден. Да не заборавиме и на оние кои само сакаат да преспијат и одморни да ја дочекаат наредната година.

Дали се пронаоѓате во некој од описите? Каде вие најмногу би сакале да ја дочеката Новата година?

logo