clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Виена – Братислава

Период: 06/03/2026 - 09/03/2026
227€
179€
Одбери сместување
Виена - Братислава
ВИЕНА - актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции... шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт...Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/ Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден. СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Попатни паузи и царински формалности
2. Ден Шопинг центар Parndorf - ВИЕНА
Планирано пристигнување во претпладневните часови со посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена и следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Сместување во хотел. Ноќевање.
Посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг
3 Ден. ВИЕНА – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
Појадок. Факултативен разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек. Се враќаме во Виена. Слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.
Факултативен разглед на Братислава.
4 Ден ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалност.
Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ и Дунавската Кула
5 ден. СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во утринските часови.
Пристигање во Скопје во утринските часови.
Напомена

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Посета на Братислава
  • Разглед на Виена со локален водич-ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Братислава
Започнете незаборавно патување во срцето на Словачка – шармантната Братислава, град што совршено ги спојува духот на старата Европа и енергијата на современиот живот! Прошетка низ стариот град (Staré Mesto) ќе ве врати во минатото – калдрмени улички, барокни фасади, мали кафулиња и сувенирници со посебен шарм. Посетете го Братиславскиот замок, сместен високо над Дунав, од каде се простира величествен поглед кон целиот град и соседна Австрија. Најпознатиот симбол на градот – портата Михаилска, ќе ве одведе до Главниот плоштад, каде владее атмосфера полна со улични музичари, скулптури и мирис на словачка кујна. Не ја пропуштајте можноста да ја видите и модерната страна на Братислава.
Цена: 30
activity
Разглед на Виена – Задолжителна факултатива.
Виена е еден од најпосетуваните градови во Европа, сосема заслужено. Лоциран на истокот, овој град може да се пофали со многу туристички атракции, архитектура и природни убавини. Спојот на софистицираност и природа го прави овој град идеален за туристи од секоја возраст. Панорамската тура ќе ја почнеме со посета на Рингштрасе а ќе ги видиме и Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере(индивидуална посета внатре во дворецот), Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург.
Цена: 20
activity
Шенбрун.
Палатата Шенбрун е светско културно наследство и најпосетуваната глетка во Австрија. Името „Schönbrunn“ значи „Прекрасна пролет“ .Севкупното барокно уметничко дело кое се состои од палата и градини со векови било сопственост на Хабсбурзите и денес е главно во првобитната состојба. Посетителите тука ќе најдат бројни атракции во обиколка низ автентично опремените станбени и свечени простории на Царското семејство во палатата.Покрај 32-те скулптури, во прекрасните градини на палатата гордо стои Глориет висока 60метри, гордо свртена кон палатата, урнатината на Катагина, лавиринтот, палмната куќа која служи како прекрасна ботаничка градина, оранжерија и најстарата зоолошка градина во светот.
Цена: 65

Напомена:

Во цената на аранжманот е вклучено:

✅Превоз со високо туристички автобус

✅2 ноќевања со појадок во хотел 3*

✅Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ

✅Организација и реализација на програмата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун
  • Посета на Братислава
  • Разглед на Виена со локален водич-ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице (се плаќа во агенција)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo