clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Белград

Период: 07/03/2026 - 09/03/2026
179€
139€
Одбери сместување
Белград
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Што добивате?
periodПериод
2 Ноќевања
trasportТранспорт
Автобус
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел/Соба
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 Ден. Скопје – Србија – Белград:
Состанок на групата на СЦ. Борис Трајковски во 01:00часот. Поаѓање за Србија во 01:30часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Слободно време за прошетка. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
Попатни паузи и царински формалности, пристигнување во Белград и запознавање со градот.
2 Ден. Белград - Нови Сад:
Појадок. Следува факултативна посета на Нови Сад и разглед на градот со локален водич улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро варадинската тврдина… Слободно време за индивидуални активности. По слободното време следува поаѓање кон Белград. Слободно време за одмор. Во вечерните часови можност за посета на некој од многуте кафани во Белград. Враќање во хотел. Ноќевање.
Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич
3 Ден Белград – Македонија – Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Следува посета на населбата Београд на Води и слободно време за шопинг во трговскиот центар Галерија. Во договорено време следува упатување кон Македонија со попатни паузи за одмор и царнски формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Појадок. Напуштање на Хотел. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Напомена

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

✅ Две ноќевања  хотел (со појадок) во двокреветни или трокреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

✅Посета на населбата Београд на води и трговскиот центар Галерија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

– Факултативи ( разглед на Белград со водич, посета на Нови Сад, забава во некоја од белградските боемски  кафани)

– Индивидуални трошоци.

– ФАКУЛТАТИВАТА – РАЗГЛЕД НА БЕЛРАД Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – 20 ЕВРА

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Разглед на Белград
Разглед на Белград со придружба на професионален локален водич. Ќе имаме можност да ги посетиме најпознатите знаменитости на Белград. Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), храм Св.Сава, Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска Тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Овој излет е предвиден да се реализира дел со автобус и дел пешачка тура. Разгледот трае 2 часа.
Цена: 20€
activity
Посета на Нови Сад
Се упатуваме кон малото симпатично градче Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн... Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност за бесплатна дегустација на вино. Во договорено време се упатуваме кон Нови Сад поточно Петроварадинската тврдина која се наoѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Продолжуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание...слободно време за кафе и ручек. Во договорено време поаѓање за Белград
Цена: 25

Напомена:

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

✅ Две ноќевања  хотел (со појадок) во двокреветни или трокреветни соби во Белград.

✅ Автобуски превоз

✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот

✅ Организација на патувањето

✅Посета на населбата Београд на води и трговскиот центар Галерија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден

– Факултативи ( разглед на Белград со водич, посета на Нови Сад, забава во некоја од белградските боемски  кафани)

– Индивидуални трошоци.

– ФАКУЛТАТИВАТА – РАЗГЛЕД НА БЕЛРАД Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – 20 ЕВРА

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

 

logo