clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Europe Week Experience

Период: 17/04/2026 - 24/04/2026
479€
329€
Одбери сместување
Europe Week Experience
Придружи ни се на најнезаборавниот студентски поход низ Европа Europe Week Experience и доживеј ги
убавините на Будимпешта, Краков, Прага и Виена. Подготви се заедно со твојата екипа за една многу забавна недела исполнета со многу журки, незаборавни моменти и приказни собрани од секој град кои што веруваме дека ќе со задоволство ќе ги прераскажуваш. Резервирај го своето место на време и подготви се за авантурите кои што ги спремивме само за вас.
Што добивате?
periodПериод
7 Дена
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Појадок
accomodationСместување
Хотел
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1. Ден Скопје - Будимпешта
Состанок на групата пред СЦ Борис Трајковски во однапред договорено време. Патување преку
Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Поаѓање, ноќно возење со одмори и царински формалности
2. Ден Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разглед на градот: Споменикот на
Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
Разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав
2. Ден Будимпешта - Краков
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Поаѓање кон Краков. Пристигнување во попладневните часови. Разглед на градот: Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија, Јагелионскиот Универзитет од XIV век, Барбакан, Цветната врата, улицата Kаноницзна со згради до XIV век. Слободно време за прошетка. Упатување кон хотел. Сместување. Факултативен излет во некоја од популарните градски дискотеки. Враќање во хотел. Ноќевање.
Разглед на Краков, журка во дискотека
4. Ден Краков - Рудникот на солта - Еврејскиот кварт
Појадок. . Можност за факултативна посета на 700 години стариот рудник на солта Велицка. Се спушта со лифт во длабочина од 100м и се разгледува преубавото подземно езеро, кралската капела на правена од сол и концертната сала. Враќање во Краков. Посета на Еврејскиот кварт – Kazimierz: Стара синагога, Плоштадот Нови, Улици полни со галерии, антикварници, книжарници и ресторани со еврејска храна… Слободно време за прошетка. Враќање во хотел. Факултативен излет во некоја од популарните градски дискотеки.Ноќевање.
Посета на рудникот на солта, Еврејскиот кварт, журка во дискотека
5. Ден Краков - Аушвиц - Прага
Појадок. Напуштање на хотел. Упатување кон Аушвиц, концентрационен логор од Втората светска војна кој од 1979 е под зашита на УНЕСКО. По посетата на Аушвиц се упатуваме кон Прага. Пристигнување во прага и следува разглед на градот: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Сместување во хотел. Можност за организирање журка во дискотека - факултативно.Ноќевање.
Посета на Аушвиц, разглед на Прага, журка во дискотека
6. Ден Прага - Виена
Појадок. Напуштање на хотелот и упатување кон Виена. Панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, , Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. По слободното време следува упатување хотелот. Слободно време за одмор. Ноќевање.
Разглед на Виена
7. Ден Виена - Македонија
Појадок. Напуштање на хотелот. Се упатуваме кон Пандорф еден од најпознатите аутлети во овој регион. Неколку часа шопинг и поаѓање кон Македонија, денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови. Крај на програмата.
Шопинг во Пандорф, поаѓање кон Македонија
Напомена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

✅Автобуски превоз на горенаведената релација со високо-туристички автобус
✅1 ноќевање во Будимпешта со појадок
✅2 ноќевања во Краков со појадок

✅1 ноќевање во Прага со појадок

✅1 ноќевање во Виена со појадок
✅Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување

✅Организација и водство на патувањето
✅Разглед на Будимпешта

✅Разглед на Краков

✅Разглед на Прага

✅Разглед на Виена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжително меѓуранорно патничко и здравствено осигурување – 10 евра
– Туристичка такса – 25 евра
– Факултативни излети

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето, истото важи и за лична карта

Сместувањето е во повеќекреветни соби (трокреветни, четворокреветни)

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
HANGOVER IN PRAGUE
Исто како Краков така и Прага е познат како град на млади и добар провод. За вас спремивме незаборавни забави во Прага. Дојдете со нас и очекувај го неочекуваното затоа што ова ќе Ви бидата ноќи за памтење кои еден ден ќе ги раскажувата на своите деца .
activity
КРСТАРЕЊЕ СО БРОД ПО ДУНАВ
Дунав е втората по големина река во Европа, која допира десет земји, вклучувајќи ја и Унгарија. За време на ова долго патување, реката нуди најдобри сценски погледи долж нејзиниот брег во градот Будимпешта. Крстарењето по реката Дунав е фантастичен начин да се видат прекрасните глетки на Будимпешта од внатре кон надвор. Качете се на брод, седнете и мирно уживајте во погледот на светското наследство на УНЕСКО во Будимпешта од треперливите води на реката.огромната зграда на парламентот во Будимпешта, замокот Буда на ридот, преминете ги прекрасните мостови на синџири и мостот Елизабет и кружете околу островот Маргарет. Дозволете водич да ве забавува со фасцинантни приказни за градот и неговите споменици.
activity
HANGOVER IN KRAKOW
Краков е познат и како град на млади и добар провод. За вас спремивме незаборавни забави во Краков. Дојдете со нас и очекувај го неочекуваното затоа што ова ќе Ви бидата ноќи за памтење кои еден ден ќе ги раскажувата на своите деца .
activity
Аушвиц
Аушвиц,наречен и Аушвиц-Биркенау e најголемиот концентрационен логоr на нацистичка Германија. Сместен во близина на индустрискиот град Oświęcim во јужна Полска,Аушвиц всушност бил три логори во еден: затвор, логор за истребување и роб. - работен логор. Како најсмртоносниот од нацистичките логори за истребување, Аушвиц стана симболично виртуелен синоним за холокаустот. Помеѓу 1,1 и 1,5 милиони луѓе загинале во Аушвиц; 90 отсто од нив биле Евреи. Меѓу загинатите имало и околу 19.000 Роми кои биле држени во логорот и убиени со гас на 31 јули 1944 година - единствената друга група жртви со гас во семејните единици заедно со Евреите. Полјаците ја сочинуваат втората по големина група жртви во Аушвиц, каде што биле убиени или умрени околу 83.000. Денес оваа масовна гробница на души служи како потсетник дека одредени делови од историјата не треба никогаш повеќе да се повторат.
Цена: 45
activity
Рудник на сол
Едно од најнезаборавните места кои треба да се посетат во Краков е дефинитивно рудникот на сол Вјеличка кој е најстар рудник за сол во Европа и се наоѓа на 20 километри од Краков, а од 1978 година е прогласен за дел од светско културно наследство и под заштита на UNESCO. Еве неколку интересни информации за рудникот пред да се спуштиме надолу : - Излетот на рудникот опфаќа разледување на ходник долг 3 километри. На длабочина од 64 метри се стигнува после спуштање по 378 стрмни скали, а до 135 метри се стигнува со лифт. - Во рудникот има спектакуларно подземно езеро, - многубројни скулптури, - лустери, - пошта, - кралска капела, - концертна сала Во склоп на рудникот дури постои и клиника за лечење од асма затоа што солта од рудникот има лековити својства.
Цена: 40

Напомена:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

✅Автобуски превоз на горенаведената релација со високо-туристички автобус
✅1 ноќевање во Будимпешта со појадок
✅2 ноќевања во Краков со појадок

✅1 ноќевање во Прага со појадок

✅1 ноќевање во Виена со појадок
✅Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување

✅Организација и водство на патувањето
✅Разглед на Будимпешта

✅Разглед на Краков

✅Разглед на Прага

✅Разглед на Виена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжително меѓуранорно патничко и здравствено осигурување – 10 евра
– Туристичка такса – 25 евра
– Факултативни излети

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето, истото важи и за лична карта

Сместувањето е во повеќекреветни соби (трокреветни, четворокреветни)

–  За реализација на факултативни излети потребен е минимум од 30 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балкан Фан Македонија и СКТМ

logo