🫰 РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ на сите соби до 31.05.! 🫰
Book Now
clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Поволни ресторани во Lloret de Mar кои вреди да се посетат

blog-photo

Љорет де Мар е бисер на шпанскиот дел од Средоземното Море, каде што секој момент ќе изгледа идилично. Само 70 километри од ова прекрасно одморалиште се наоѓа Барселона, кралица на Каталонија и една од омилените туристички дестинации. Ова лето може да се поврзете убаво и корисно, за да можете да уживате во единствениот шпански брег на море, но и да ја посетите Барселона за која имате читано и слушнато многу.

Со цел да го направите вашиот одмор уште поубав и економичен, подготвивме листа на евтини ресторани во Ллорет де Мар, кои нудат квалитетна храна. Дознајте каде треба да одите!

 

#1 La Parrilla ресторан

Ова е локален ресторан кој нуди автентична атмосфера, вистински приморски мириси и прекрасна медитеранска кујна. Изгледот на ресторанот не е премногу елегантен, но секој што вкусил некоја храна тука, заврши  со полн  стомак, воодушевен и комплетен распаметен.

Ресторанот се состои од два дела – Внатрешен, каде може да ручате кога надвор е дождливо, и надворешен, односно, пријатна тераса и прекрасен пејсаж.

Според впечатоците на нашите патници, персоналот е многу љубезен и пријателски настројан, така што ќе бидете добредојдени во секој момент.

Овде не постои експанзии и непријатна тишина, ве дочекуваат прави домаќини и добра храна.

Со оглед дека Шпанците знаат дека нивната кујна е малку повеќе лута, овој ресторан ќе ви понуди дополнително леб, без наплата. Сопствениците на ресторанот секогаш се трудат храната да биде секогаш свежо спремена,благодарение на што имаат одлична репутација. Можете да добиете оброк од 12 евра, пола питар совршена Сангрија за 5 евра.

# 2 Ca L’enric ресторан / бар

Овој ресторан исто така служи како снек бар, место каде што можете да јадете едноставни јадења, складирани на домашен начин. Структурата на ресторанот е поделена на два спрата, а во приземјето се наоѓа тераса за пријатни летни температури и ручек надвор. Она што туристите најпрво ги воодушевува поред вкусната кујна се големите порци храна.

Нарачајте свежо пилешко со ражнич, кој се наоѓаат секогаш на видно поле на гостите, како би биле сигурни дека се што се спрема е свежо и листо. На пример, порција гриловано јагнешко месо со помфрит и салата, изнесува околу 12 евра, што е за Шпанија сосема поволно. Доколку сакате овдека да доручкувате и тоа можете- пржени јајца со сланина, по цена од 5 евра.

Доколку и не сте многу гладни, наш совет е секогаш да тргнете со половина порција, бидејќи навистина се обилни, направени за вистински гурмани.

 

#3 Meeting ресторан

Ова е ресторан за сите оние кои често летаат во Љорет де Мар и радо се враќаат. На менито се различни видови совршена оригинална пица, но исто така и леб со лук и маслиново масло, со волшебен вкус. Meeting ресторанот нуди безброј додатоци за пици, што ќе ве натераат да заборавите на сите диети и сакате да пробате само уште едно парче. Самиот ресторан е малку помодерен дизајн, со внимателна неутрална декорација што ја дава медитеранската атмосфера. Освем внатрешниот дел, ресторанот поседува и тераса , на која можете да уживате во прекрасната вечера.

Задолжително пробајте барем некоја пица,бидејќи еден малку ќе ги разбуди вашите вкусови , а цената на фамилјарните порции е само 10 евра. Следно што ви го предлагаме пасти со морски плодови, а потоа лесно рижото и за крај десерт. Точно е дека ќе морате малку да подоте до оваа пицерија/ шпагетерија, бидејќи се наоѓа во самиот центар но вреди.

#4 Piccadilly Bistro ресторан

За оние кои сакаат англиска кујна и таков начин на исхрана, ова место е совршено, бидејќи тука можете да ги најдете плескавици, помфрит, стекови и традиционален англиски појадок по многу поволни цени. Piccadilly Bistro е место кое англиските туристи го обожуваат, па се подготвувате за автентична атмосфера.

Што е дополнителна корист од овој ресторан е тоа што е практично во близина на плажата, така што ќе можете да уживате во квалитетна храна и брзо да се вратите на сончање и пливање. Тоа не е класичен ресторан, туку место каде што можете да јадете и застанете за момент, па фатете го ритамот Ллорет де Мара и живството што го носи ова место.

Внатрешноста на ресторанот е многу светла, а во просторијата доминираат бело и сино, односно боите на морето. Медитеранскиот дух  на секој чекор, па ако престојувате во близина, тогаш ова место треба да ви биде место за добар доручек на одмор.

#5 La Campana ресторан

Ако сте љубител на пилешко во сто начини, тогаш ова е вистинското место за вас. ресторан La Campana служи уникатно вкусна пилешка, кој изгледа прилично едноставна, но вкусот е сосема поинаква од она што вие го подготвувате.

Ресторанот не се наоѓа во центарот на градот, па најдобро е да побарате од локалните жители да ве посоветат каде треба да идете. Тие го нарекуваат овој ресторан “Код Педра”, па кога ќе се распрашувате, така и ословете го.

Келнерите се секогаш тука за да ве посоветуваат околу големината на порцијата. Можете да земете цело пиле, половина или пак четвртина и да уживате во најдоброто пилешко што некогаш сте го пробале, така бар велат нашите туристи.

Половина печено пилешко во овој ресторан изнесува 7 евра, што е малце повеќе од цената на која сме навикнати, во водејќи сметка на шпанскиот стандарт- многу поволно.

Задолжително освежете се со домашна лимунада или некои други сокови, како би земале малце пауза и да вдишете во хармонијата на вкусот.

Ресторанот има многу мирна атмосфера и е класичен дизајн. Таа е поделена на внатрешниот и надворешниот дел, но надворешниот дел е зад портата. Изберете дали сакате да вечерате под отворено небо или во испукани простории – во двата случаи, изборот ќе биде добитен.

Овие ресторани во Љорет де Мар се проверен квалитет, нудат храна со висок квалитет.

 

logo