Истанбул не се посетува само еднаш – Истанбул се доживува! Градот на два континенти те очекува со бескрајни улици, мирис на ориентални зачини, погледи кон Босфорот и ноќен живот што не застанува. Од утринско кафе со поглед до луди вечери и истражување на скриените улички – секој момент носи нова приказна. Замисли го совршениот зимски викенд во градот каде што Истокот и Западот се спојуваат – истражување на најпознатите знаменитости, вкусна турска храна, шопинг, празнични базари и незаборавни новогодишни моменти. Со Balkan Fun, спакувај ја енергијата за незаборавен викенд, нови пријателства и авантура што ќе ти остане во сеќавање долго по враќањето.
Овој декември откриј го Букурешт во неговото најубаво празнично издание! Градот оживува со Christmas markets, светлечки декорации, празнична музика и атмосфера која веднаш го буди новогодишниот дух. Те очекуваат прошетки низ украсениот центар, вкусни празнични специјалитети, топол пунч, слатки задоволства и време за шопинг и уживање со екипата. Спакувај го празничното расположение и тргни со Balkan Fun на зимска авантура полна со смеа, дружење и моменти за паметење!
Букурешт те чека – подготви се за Christmas magic!
Виена во декември е како сцена од божиќна бајка – раскошно украсени улици, илјадници светилки, мирис на цимет и печени костени, топло чоколадо и, секако, магични Christmas markets на секој чекор. Те очекува викенд исполнет со празнична атмосфера и прошетки низ најубавите божиќни базари во градот, каде што ќе можеш да уживаш во топол пунч, традиционални слатки, вкусна храна и да пронајдеш уникатни новогодишни подароци и сувенири. Со своите илјадници светилки и празнични куќички, до романтичните базари пред палатите и најубавите улици во центарот – Виена во овој период едноставно мора да се доживее.
Со Balkan Fun те очекува совршен зимски getaway – супер екипа, многу смеа, празнична атмосфера и Виена во нејзиното најмагично издание.
Малта, островска држава во срцето на Средоземното Море, е вистински музеј на отворено, каде повеќе од 7.000 години историја се испреплетуваат со живописниот медитерански дух. Архипелагот го сочинуваат трите населени острови Малта, Гозо и Комино, како и неколку помали ненаселени острови. Во декември, Малта добива една сосема поинаква магија. ✨ Улиците и плоштадите блескаат во божиќни светилки и декорации, се чувствува празничната атмосфера, а историските градови добиваат посебен шарм. Низ нашето патување ќе ја откриваме мистериозната предисторија на островите, ќе чекориме по стапките на Св. Павле и ќе ги посетиме местата каде Витезите на Св. Јован оставиле неизбришлива трага во историјата. Медено обоениот камен, бескрајното медитеранско синило, уникатната архитектура и богатата историја, надополнети со топлиот божиќен дух, ја прават Малта совршена дестинација за едно поинакво декемвриско патување.
Откриј ги најубавите божиќни базари во Европа и почувствувај ја празничната атмосфера во најшармантните европски градови. Уживај во светлечки декорации, мирис на варено вино и празнични специјалитети, рачно изработени подароци, традиционални штандови и магични моменти исполнети со новогодишен дух.
Со Balkan Fun патуваш до внимателно избрани дестинации, каде што секој плоштад изгледа како сцена од празнична бајка. Прошетај низ украсените улици, откриј ги локалните традиции, вкуси ги највкусните празнични деликатеси и создај незаборавни спомени со најблиските.
Избери ја твојата омилена Christmas Market дестинација и доживеј ја Европа во нејзиното најмагично издание!