clock Пон-Пет 10-18h, Саб 10-14h

Поход на Шпанија

Период: 19/04/2026 - 29/04/2026
459€
379€
Одбери сместување
Европа
Екскурзијата е една од најубавите работи кои можат да ти се случат за време на студентските денови. Поршетај ги најубавите градови на Медитеранот заедно со твоите колеги и колеги од целиот Балкан. Заедно со нас и со студенти од целиот Балкан ќе ги посетиш Венеција, Фиренца, Рим, Барселона, Ница, Кан, Монако.
Што добивате?
periodПериод
11 Денови
trasportТранспорт
Автобуски
mealsОброци
Полн Пансион
accomodationСместување
Хотел
Одбери сместување

План За Патување

Целосна Програма За Патување

map
1 Ден / Скопје – Србија – Хрватска – Словенија – Италија:
Поаѓање во утринските часови од пред спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје. Патување преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Попатни паузи и царински формалности
2 Ден / Италија – Пунта Сабиони – Венеција – Болоња:
Во утринските часови пристигнување во Punta Sabbioni, каде следува факултативно возење со брод до Венеција. По краткото возење следува разглед на Венеција: Дуждевата палата, плоштадот и базиликата San Marco. Каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria Della Salute, мостот на воздишките...слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време тргање кон Punta Sabbioni, по пристигнувањето се упатуваме кон Болоња. Следува сместување во Хотел 3*. Слободно време за одмор. Ноќевање.
Посета на Венеција
3 Ден / Болоња - Италија:
Појадок. Напуштање на хотелот. Разглед на Болоња: Piazza Maggiore, базиликата San Petro, Кулите Torre Degli Asinelli, Torre Garisenda...Слободно време за индивидуални активности. Во претходно договорено време (во попладневните часови) следува упатување кон Шпанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и релаксација.
Посета на Болоња
4 Ден / Шпанија - Љоре де Мар:
Пристигнување во Љорет де Мар во утринските часови, напознатото туристичко летувалиште на Коста Брава кое е оддалечено само 65 километри од Барселона. Следува сместување во хотел и слободно време за одмор и релаксација. *(4 полу-пансиони со појадок и вечера на база ‘’шведска маса’’). Вечера. Секоја вечер можност за организирање на факултативна посета на дискотека.
Пристигнување во Љорет де Мар
5 – 7 Ден / ЉОРЕТ ДЕ МАР – Барселона:
Појадок наутро. Можност за факултативни излети на најинтересните места по кој ке ја паметиме оваа апсолвентска: FLAMENKO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AUARIUM, DALI… Покрај тоа секоја север приредуваме ексклузивни тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар.
Доживеј ги најдобрите студентски забави во Шпанија
8 Ден / ЉОРЕТ ДЕ МАР – Барселона – Шпанија – Франција:
Појадок. Напуштање на хотел. Слободно време во Љорет де Мар или можност за факултативен излет ‘’Barcelona shopping & Магични фонтани’’. Во претходно договорено време следува поаѓање кон Азурната обала. Ноќно возење преку Шпанија и Франција.
Посета Барселона
9 Ден /Кан- Ница – Монако – Монте Карло – Франција – Италија – Словенија – Хрватска - Србија:
Утринско будење на Азурниот брег: Грас – Посета на најстарата и најпозната парфимерија во Франција: Fragonard. Можност да купите светски брендови на парфеми по фабрички цени. Кан – Стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата…Ница – Убавините на кралицата на Азурниот брег: Promenade des Anglais, хотел Negresco, брдото Chatou, плоштадот Massena, операта, стариот дел на градот преполн со шармантни кафулиња, шопинг зоната… Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг…Монако и Монте Карло – Во вечерните часови заминување во разглед на кнежевството Монако- Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката на Ф1 … и секако гламурот на казината во Монте Карло. Патувањето продолжува кон Италија, Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно возење.
Разглед на Азурниот Брег и посета на најмонденските места од Европа
10 Ден / Србија – Белград:
Во утринските часови следува пристигнување во Србија односно Белград. Слободно време за прошетка и утринско кафе низ Белград. СИТЕ НАШИ АПСОЛВЕНТИ ДОБИВААТ ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО БЕЛГРАД. Сместување во хотел и слободно време за одмор и релаксација. Во вечерните часови можност за факултативна посета на некој од белградските клубови. Враќање во хотел. Ноќевање.
Посета на Белград
11 Ден / Србија - Македонија - Скопје:
Одјавување од хотел и упатување кон населбата ‘’Београд на води’’ и трговскиот центар ‘’Галерија’’. Слободно време за прошетка и шопинг. Во претходно договорено време следува упатување кон Скопје. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови. Крај на програмата.
Пристигнување во Скопје
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус

✅4 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса) во Хотел со 3* во Љорет де Мар

✅1 ноќевање со појадок во Хотел 3* во околината на Болоња во 1/3 и 1/4 соби

✅ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО Белград во 1/3 и 1/4 соби

✅Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување

✅Разглед на Венеција

✅Разглед на Болоња

✅Разглед на Белград

✅Организација и водство на патувањето

✅Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 660 денари

– Доплата за 1/2 соба во хотелите од 20 евра по лице

– Задолжителна туристичка за сите сместувања 35 евра

– Трансфер со брод до Венеција

– Индивидуални трошоци на патникот.

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

activity
Барселона панорамика
Панорамски разглед на ‘’олимписката убавица’’ со кратки застанувања и посети на најзначајните знаменитости на градот: Agbar, Korida, Sagrada Familia, Casa Batlo, Casa Mila, Monzuik, Kolumbo, La Rambla…
activity
NOU CAMP
Посета и прошетка на стадионот Nou Camp, еден од најпознатите и најубави Светски стадиони...Тура која трае 1h каде се посетуваат музејот и стадионот. По турата може да купите оригинални сувенири од FC Barcelona.
activity
Коста Брава
Разглед на ботаничката градина каде што се одгледуваат џиновски кактуси. Дегустација на шпански ликер, вина и sangria
activity
Flamenko
Пробајте да не се заљубите во убавината на уметничките танци изразени преку шпанските фламенко уметници и фантастичните звуци на фламенко гитарите. Тешко дека во тоа ќе успеете. Затоа имате прилика да ги посетите шпанските вечери и фламенко танците со најбрзиот изграч на Светот Hoze Leon. Магичната енергија и фантастична сангрија ќе ја направат оваа ноќ незаборавна...
activity
Аквариум
Најзначаен и едукативен центар посветен на подводниот Свет на медитеранот. 35 аквариуми, 11.000 животни, подводен тунел 80м, 6 милиони литри вода и огромен океанариум, единствем во Европа
activity
ДИСКО ВО ЉОРЕТ ДЕ МАР
Секоја вечер приредување на ексклузивни тематски забави во најпознатите ноќни клубови во Барселона и Љорет де Мар
activity
ДИСКО OPIUM MAR
Заминување во најдобрата и најелегантната дискотека во Барселона. Подгответе се за незаборавен провод на оваа монденско место на кое до сега настапиле многу DJ-и. За Вас обезбедивме превоз и влез на оваа место кое ќе Ве остави без зборови.
activity
КАН и парфимерија ФРАГОНАРД
Разглед на кнежевството Монако – Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката на ФОРМУЛА 1 и секако гламурот на казината во Монте Карло

Напомена:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅Автобуски превоз на горенаведената релација со високотуристички автобус

✅4 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса) во Хотел со 3* во Љорет де Мар

✅1 ноќевање со појадок во Хотел 3* во околината на Болоња во 1/3 и 1/4 соби

✅ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО Белград во 1/3 и 1/4 соби

✅Водичи според програмата и пратител на групата за време на целото патување

✅Разглед на Венеција

✅Разглед на Болоња

✅Разглед на Белград

✅Организација и водство на патувањето

✅Напомена: Сместувањето е во повеќекреветни соби.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 660 денари

– Доплата за 1/2 соба во хотелите од 20 евра по лице

– Задолжителна туристичка за сите сместувања 35 евра

– Трансфер со брод до Венеција

– Индивидуални трошоци на патникот.

 

logo